Први снимки по пукањето во кафуле на градскиот плоштад во Штип.
Според неофицијални информации, едно лице загина.
Се работи за престрелка меѓу двајца студенти – државјани на Турција.
„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.