Комо официјално го претстави Мартин Батурина од Динамо Загреб

Италијанскиот прволигаш Комо, официјално го претстави новото засилување за тимот, а тоа е Хрватот Мартин Батурина, кој пристигна за клупски трансфер-рекорд од осумнаесет милиони евра. 

Трансферот беше најавен уште пред неколку недели, а сега Батурина конечно пристигна во Италија, каде се очекува да биде големо засилување за тимот на Сеск Фабрегас. 

Хрватскиот фудбалер ја започна кариерата во Хајдук, а потоа играше за НК Сплит, пред да се пресели во Динамо, за кој одигра 114 натпревари и постигна 17 голови.

Се работи за еден од најталентираните играчи на својата генерација и веќе има 12 настапи за репрезентацијата на Хрватска.