16.8 C
Скопје
03:51 - 5 јули, 2025

Цеца мора да прави сѐ сама, па дури и да вика мајстори: „Немам маж, но знам да сменам сијалица“

Цеца Ражнатовиќ одлучила, како што пишуваат српските медиуми, да реновира дел од својата вила на Дедиње.

Бидејќи нема сопруг и со години е сама, пејачката призна дека сите „тешки“ работи паѓаат на неа.

– Во куќата ми пукна цевка, немам маж, морам да му се јавам на мајсторот. Знам да менувам сијалици, знам да кревам осигурувачи. Кога жената живее сама, мора да биде куќна помошничка – изјавила Цеца.

Да потсетиме, Цеца како што се пишуваше ја реновира терасата на својата вила која наводно одамна не ја користи, а планот ѝ е да ја затвори за да ужива и во зима и во лето.

Работата наводно ја започнала пред нова година, но сѐ било стопирано поради лошото време и празниците. Според информациите, сѐ ќе ја чини Ражнатовиќка околу 20.000 евра.

Пејачката моментално живее во вилата со нејзината сестра Лидија и нејзиното семејство, а претходно беше најавено дека и тие во одреден момент ќе се иселат со оглед на тоа што ја продадоа куќата.

Од друга страна, синот на Цеца, Вељко, веќе извесно време живее во Тител со семејството, додека нејзината ќерка Анастасија живее во Севиља со сопругот.

Слични објави

(Фото) Неверојатна и на 47 години: Весна Ѓогани објави фотографии во костим за капење

E.A.

На Марија и Миљана Кулиќ им „преседна“ патувањето во Македонија: Доживеале несреќа враќајќи се дома

E.A.

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша повторно е избришан: „Нападите“ не престануваат

E.A.

(Фото) Нина Бадриќ денеска го слави својот 53-ти роденден, а изгледа како девојче: „Важно е да останеш жив, затоа само терај“

Еспресо

(Фото) „Куќо, дали си празна…“ Владо Георгиев, скршен од тага поради загубата, објави трогателна порака од Херцег Нови

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ се огласи пред финалето на „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали ќе се меша во одлуките на компанијата

Еспресо