Претрес во струмичко, кај едно лице пронајдени 5.880 парчиња пиротехника
- Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 54 годишниот А.И. од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопшти МВР.

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 54 годишниот А.И. од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопшти МВР.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/
Фото: МВР