Римац: 1.000 евра за секој кој ќе му понуди работник за во неговата фирма „Rimac Group“
Мате Римац на својот Фејсбук профил напиша дека неговата компанија „Rimac Group“ е во потрага по вработени, а секој кој ќе му препорача работник ќе биде награден со дури 1.000 евра.
„Како што ја шириме работата на проектите за многу глобални автомобилски компании, се шириме и на сите нивоа. Секој кој ќе упати на кандидат кој на крај ќе го вработиме ќе биде награден со 1.000 евра, без оглед на тоа дали е вработен во „Rimac Group“ или пак не“, напишал Мате Римац на Фејсбук.
Понатаму нагласил дека за ова вработување бараат експерти за набавка и логистика кои можат да преземат одговорност за големи проекти.
„Управување со барања на толку сложени проекти не е за почетници, па ве молиме да не го губите своето и нашето време со препорака на неквалификувани луѓе“, порачал Римац.
Инаку, Мате Римац е 33-годишен инженер кој го нарекуваат „чудо“, а кој е роден во Босна и Херцеговина.
Денес тој се соочува со нешто што можеби е најтешкиот маневар кој некогаш можел да го изведе - преминување на електронската иднина. Станува збор за човек кој го презел „воланот“ на Bugatti и ја основал хрватската стартап компанија „Rimac Automobili“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа