Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово - Гостивар
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од 18 километри, соопшти владината прес-служба.

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од 18 километри, соопшти владината прес-служба.
Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар опфаќа и девет натпатници од кои - 8 натпатници за поврзување на локалните патишта со новопроектиранит паралелен пат, еден натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште, додека за реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник.
Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар ќе чини 90 милиони евра.
На настанот предвидено е свое обраќање да има премиерот Мицкоски. нд/
Фото: МИА архива