Лирој Сане со крајот на сезоната би можел да го напушти Баерн Минхен бидејќи неговиот договор истекува, а не е задоволен од понудените услови од последните преговори за продолжување на соработката, откриваат германските медиуми.
Германскиот репрезентативец сака поголема плата за да остане на „Алијанц Арена“, а со оглед на што Баерн Минхен е блиску до ангажман на Флоријан Вирц за кој ќе бидат издвоени 100 милиони евра, баварците не можат да ги исполнат желбите на 29-годишниот фудбалер.
Разврската од случајот во нетрпение ја чекаат лондонските ривали Арсенал и Челси кои нема да имаат проблем да му понудат поголема плата за ангажман.
Доколку се одлучи за трансфер во Премиерлигата тоа воедно би значело и враќање на добро познато место со оглед на тоа што ги бранеше боите на Манчестер Сити од 2016 до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА