Позната е платата на Модриќ во Милан

Лука Модриќ заминува од Реал Мадрид и голема е веројатноста дека кариерата ќе ја продолжи во Милан каде постои сериозен интерес за негов ангажман и покрај тоа што „росонерите“ нема да бидат дел од европските натпреварувања во новата сезона.

Италијанските инсајдери веќе ја открија и платата која ќе ја заработува хрватскиот фудбалски магионичар и таа ќе изнесува од три до три и пол милиони евра за една сезона. Тоа би значело големо намалување на примањата на 39-годишникот кој во сезоната 2024/25 заработи 10.4 милиони евра во шпанскиот тим.

Модриќ помина повеќе од една деценија во Реал Мадрид. Пред да се пресели во главниот град на Шпанија во 2012 година настапуваше за Тотенхем и Динамо Загреб.

Се вчитува...