„Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина“, велат од ОЈО за поднесеното обвинение против неколку лица за организрање проституција во Скопје.
Обвинетите го делеле профитот, а парите ги трансферирале преку Вестерн Унион до лица во Бразил и Португалија, како и преку криптовалути, со цел да се прикрие нивното потекло.
Третообвинетиот и четвртообвинетиот се теретат за помагање во перење пари. Четвртиот обвинет, покрај што користел сексуални услуги, ѝ овозможил на една од жртвите да трансферира средства преку криптовалути и да ги претвори во готовина.
Обвинителството побара продолжување на притворот за тројца од обвинетите, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.