ПРВ.мк

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство
Vero

Во болниците во Македонија сè уште се лекуваат пет пациенти oд пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На клиниката за пластична хирургија се наоѓа една пациентка, додека уште двајца пациенти се сместени во стара Градска болница, двајца пациенти се хоспитализирани во приватната болница „Систина“.

Во странство се лекуваат 44 пациенти. Состојбата на двајца од нив и натаму е критична. Во саботата од Ниш пристигна пациент кој беше згрижен на клиниката за пластична хирургија и веќе наредниот ден по направените анализи беше пуштен на домашно лекување.

Здравствените власти велат дека имаат редовна комуникација со странските болници и ја следат состојба на сите пациенти.null

Во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март загинаа 62 луѓе, а речиси 200 беа повредени. Голем дел од повредените беа испратени на лекување во странство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран