Признанието „NBA Sportsmanship award" за ѕвездата на Бостон Селтикс

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џру Холидеј, ја доби наградата за „Спортска личност на годината“, која ја доделува раководството на НБА лигата. 

Холидеј доби нешто повеќе од 34% од гласовите кои беа поделени за скоро 400 играчи, станувајќи петтиот кошаркар кој повеќе од еднаш се закитил со признанието „NBA Sportsmanship award". Првиот пат на Холидеј тоа му успеа во сезоната 2020/21, кога беше дел од екипата на Милвоки Бакс

Овој трофеј е наречен во чест на екс-ѕвездата Џо Думарс и се доделува на играчот кој оставил најголем спортски и фер-плеј впечаток во текот на сезоната. 

Думарс беше првиот кошаркар кој ја доби оваа награда во сезоната 1995/96. Беше двократен НБА шампион и целата кариера (14 сезони) ја мина во тимот на Детроит Пистонс