Токсичен чад над Барселона: Издадена наредба жителите да не ги напуштаат своите домови

Властите во пет општини во Барселона и Тарагона им наредија на 147.000 жители да не излегуваат надвор или да ги отвораат прозорците поради пожарот што избувна рано утринава во фабрика за хемикалии за базени, каде што беа складирани приближно 70 тони хлор.

Претседателот на каталонската влада Салвадор Иља им се заблагодари на жителите за нивното одговорно однесување и побара од нив да продолжат да ги следат упатствата на Цивилната заштита, за да се избегнат ризиците кои ги создава отровниот чад од фабриката.

На местото на пожарот работат околу 60 пожарникари и припадници на единицата за технолошки ризик, меѓу кои 12 водени возила, два виљушкари и 14 лесни командни возила, возила за транспорт на персонал и возила за товарен транспорт.

Се проценува дека ќе бидат потребни околу шест часа за да се изгасне пожарот, пренесува Сер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното