• Мартин Танасковски

Горан Закариќ е лидер во тимот на Вардар оваа пролет. Играчот ги натскокнува сите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а тоа го докажа со уште еден атрактивен гол.
Играчот прими топка крај корнер-знаменцето, мина неколку играчи, атрактивно се ослободи од ривал и си создаде простор, а потоа пласираше од далечина во голот на Захов, иако пред него имаше многу играчи.
Закариќ го даде и првиот гол за Вардар на мечот против Беса, од пенал.