Јамал на 17 години до 100 меча: На негова возраст Меси и Роналдо…

Ламин Јамал беше предводник на Барселона во полуфиналната пресметка против Интер, меч по кој шпанскиот тинејџер ги собра симпатиите на целокупната фудбалска јавност.

Особено импресивно делува фактот дека Ламин има само 17 години, а откако дебитираше пред нецели две сезони, тој против Интер го играше јубилејниот 100. меч во кариерата. Бројките се навистина импресивни, тој пред својот 18. роденден веќе има 22 гола и 33 асистенции зад своето име.

Споредбите со Кристијано Роналдо и со Лео Меси се неизбежни кога станува збор за ваков талент… Португалецот на негова возраст имал 19 средби, со пет гола и четири асистенции, додека Меси имал одиграно само 9 средби во дресот на Барса, притоа постигнувајќи само еден погодок.

Меси во своите први 100 меча за Барса имаше 41 гол и 14 асистенции, но мора да се истакне дека Аргентинецот својот јубилеј го прослави на 20 години и 248 дена, додека Јамал стотиот меч за Барса го одигра на 17 години и 291 ден.

Времето е сојузник на младиот шпански фудбалер, кој дефинитивно има се што е неопходно за во блиска иднина да се закити и со признанието – најдобар во светот.

Се вчитува...