Финансии / Банкарство
ГОЛДМАН САКС ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА КИНА
10.04.2025
Инвестициската банка Голдман Сакс ја повлече својата најнова прогноза во која се вели дека има 65 проценти шанси Америка да влезе во рецесија оваа година. Банката сега се врати на претходната проценка и предвидува ризик од рецесија од 45 проценти.
Голдман Сакс ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Кина на четири проценти во 2025 година и 3,5 проценти во 2026 година, поради ефектите од новите американски царини врз кинеските стоки од 125 проценти.
Прогнозата е помалку поволна од претходната проекција за економски раст на Кина од 4,5 проценти во 2025 година и четири проценти во 2026 година, пренесува Ројтерс.
фото freepic