сабота, 24 мај 2025

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори од Агенцијата за европски образовни програми

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Евалуаторите биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди, информираа од НАЕОПМ.

Објавено на

часот

Сподели

„За истото ќе се утврди одговорност и за внатрешно вработени лица во Националната агенција. Во насока на унапредување на квалитетот и интегритетот на евалуациските процеси, Богојески најави сеопфатна реевалуација на сите евалуатори, при што во првата фаза ќе бидат заменети најмалку 50 отсто од нив. Процесот е планирано да биде комплетиран најдоцна до август 2025 година. Националната агенција останува цврсто посветена на транспарентно, одговорно и законито работење, како и на доследна борба против корупцијата во сите нејзини форми“, велат од НАЕОПМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ