Димитриеска-Кочоска: Досега помош од 11,2 милиони денари за настраданите и повредените од Кочани

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 12:46
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека досега се потрошени 11,1 милиони денари како помош од владата за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани.
Овие пари, рече министерката, се дел од одобрените 30 милиони денари помош од страна на Владата за трагедијата во градот.
- Досега се потрошени 11,2 милиони денари за патни трошоци и сместување во странство и оваа постапка продолжува и понатаму.Преку Црвениот крст се собрани над 100 милиони денари во координација со Владата и тоа беше во моментот единствениот најбрз начин да се излезе во пресрет на настраданите и повреднеите. Затоа имаше две постапки паралелно. Тука има и трошоици кои се за лекување, но преку Фондот за здравство, рече Димитриеска-Кочоска.
На ова пратеникот Оливер Спасовски возврати дека е делумно задоволен од одговорот и ја потсети министерката дека граѓаните се тие кои плаќаат за помошта на Црвениот крст и Фондот за здравство, а не владата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Избил пожар во касарната во Тетово, завршија во болница при обид да го изгаснат

Д-р. Фидановски советува: На што треба да внимавате кога сте на одмор со дете и од која возраст се препорачува крема со заштитен фактор

(ВИДЕО) Камионџии незадоволни од рехабилитацијата на клучката „Белви“
„АЛЕКСАНДАР НЕМАЛ НИКАКВА НАМЕРА НИШТО ДА СОКРИЕ ИЛИ ПРИКРИЕ, НАПРОТИВ, ЗА СЕ ЈА ИНФОРМИРАЛ ЗОРИЦА“: Туфегџиќ бара ослободување за таткото на Вања

Миле Лефков: 2 милиони денари за споменик за трагедијата во Кочани

СДСМ: РЕК Битола не работи зошто се запалил неисчистениот команден ормар
