1016 hPa
42 %

27 °C
Скопје - Саб, 28.06.2025 19:59
Пријавувањето за 14. регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, ќе трае до 9-ти ноември, 2023 година.
Според информацијата од Томе Трајков, програм координатор на Стрип центарот на Македонија, 14-тото издание се одржува во сабота, 11 ноември од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември, исто така во 12 ч. Се црта во живо од определени пунктови во градовите: Госпиќ, Херцег нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, но, исто така се овозможува цртање од дома и објавување на изготвен стрип на онлајн платформата: https://www.24satnocrtanjestripa.com/
Како што истакнува Трајков, од страна на соработниците и пријатели од Хрватска бргу е прифатена неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори.
„Што се однесува до организацијата, таа е спонтана, нема посебен организатор. На светско ниво истата ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, којашто се организира во месец октомври”, вели Трајков.
Извор: https://www.vecer.press/