Фудбалерите на Порто не успеаја да ја потврдат доминацијата на Европејците на почетокот од Светското клупско првенство. Португалците едвај избегнаа пораз против бразилскиот Палмеирас (0-0) во вториот натпревар од Групата А.
Бразилците покажаа заби, доминираа во овој натпревар, но португалскиот голман Клаудио Рамос беше непремостлива пречка. Гоман, кој со години е претежно резервна опција на „Драгао“, го одбрани невозможното во натпревар полн со гол-шанси и му помогна на Порто да освои бод.
„Оние кои постојано се снаоѓаат добро се секогаш подготвени. Ова е коректен резултат, имаше добри шанси од двете страни“, рече 33-годишниот херој на натпреварот.
Порто имаше силна поддршка од португалските емигранти на натпреварот пред 46.275 гледачи во Њу Џерси.
На крајот на денот, сите четири екипи во групата имаат по еден бод, бидејќи Мајами и египетскиот Ал Ахли ремизираа без голови и на отворањето на турнирот.
Уште еден бразилски клуб, Ботафого, го отвори првенството со важна победа. По голема борба, црно-белите го „скршија“ домашниот тим Сиетл со 2-1 во група во која апсолутни фаворити се Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид.
Бразилскиот тим стигна до огромни три бода со головите на Жаир и Игор Жезус во првото полувреме.
На 15 минути пред крајот на натпреварот, Кристијан Ролдан им даде надеж на Сиетл Сондерс дека можеби ќе успеат да освојат бод, имаа целосна контрола на крајот, но не успеаја да израмнат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА