1004 hPa
28 %

35 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 17:59
Волшебното царство на бајките од цел свет, мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја е отворено!
Наместо гласник, објавен е формулар до млади кои сакаат да се приклучат на петдневната работилница за креативно пишување со млади, „Неименувана” под менторство на „Duma in summa“ - компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска.
Работилницата ќе се одржува на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари 2024 година, од 15 до 19 часот, во дворецот Лабораториум, Булевар Климент Охридски бр. 68, Скопје 1000. Бројот на учесници е ограничен.
„Ако правиш пиши-бриши, кликаш и сликаш, пишуваш и си главна/главен со мимови во чет-групите, оваа работилница ќе ги прошири твоите знаења за новите дигитални комуникации, а воедно ќе те запознае со потеклото и варијантите на бајките кои се развивале и прилагодувале низ различни времиња и култури.
Дојди и откриј што е заедничко за Заспаната убавица и Цепенков, од каде потекнува Пепелашка, но и македонски хероини кои со својот пркос придонеле кон едукативен, ослободителен и емпатичен развој во локален контекст.
Низ петте денови на работилницата ќе буричкаме низ литературната светска и домашна историја, како и низ ќошињата на интернетот, барајќи ги сличностите и различностите на женското искуство преку фолклорните приказни и неименуваните автор(к)и на мимови и интернет содржини.
Во тоа ќе ни помогне и нашата гостинка менторка од Босна и Херцеговина - Хана Чурак, администраторката на феминистичката платформа „Sve su to vjeshtice”, па ќе направиме и по некој мим, bona.
Знаењата собрани на работилницата ќе ги сумираме во креативна пракса и авторски текстови, па дојди и раскажи ни го твоето „Си било еднаш...”.
Авторските текстови кои ќе ги пишуваме со заеднички сили ќе бидат извезени на текстуални инсталации во склоп на една активистичка акција атракција, ама за ова повеќе на работилницата...
Се гледаме во светот на бајките!” – велат менторките од „Duma in summa”, Ивана Смилевска и Марија Бошковска.
Овој повеќегодишен проект е поддржан од германското Министерство за надворешни работи и имплементиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Извор: https://docs.google.com/