Крстстевски: Што треба да се случи за да се освестиме!

Сподели

 Венко Крстевски, вршител на должноста градоначалник во Кочани, излезе со реакција на својот фб профил, каде се обрати до редакцијата на Инфомакс.мк., и ја демантира информацијата за добивање одобренија за користење на дивоградби како јавни објекти. 

“Почитувани новинари од редакцијата на Инфомакс,

Во интерес на вистината и објективноста со известувањето, сакам да ја демантирам информацијата која ја пласиравте во вашата вчерашна емисија. Секој кој што работи може да погреши, човечки е да се згреши и човечки е да се извини.

Одговорно тврдам дека НИКОЈ од корисниците на нелегално изградените објекти НЕМА добиено одобрение за користење на јавна прометна површина ниту за месец април, ниту за месец мај. Објектите кои се дивоградби се сериозна закана за безбедноста и сигурноста на жителите и гостите во трговскиот центар во Кочани. Што треба да се случи за да се освестиме и да ги почитуваме законите?!

Уплатницата која што ја покажавте во емисијата е самоволно уплатена на уплатни сметки кои што се јавно достапни, истата е без никаков основ и без издадено одобрение.

Дали доколку јас ја изберам најдобрата неизградена локација во Скопје и уплатам средства на сметки кои се јавно достапни, тоа ќе значи дека јас имам одобрение за градба и таму ќе може да градам, иако парцелата не е моја сопственост и немам добиено одобрение за градба?

Тврдам дека сте изманипулирани од неколку лица од Кочани кои што лично ги познавам и кои што сакаат да ми наштетат. Барам јавно извинување.”

извор ФБ профил, Венко Крстевски, Кочани