Тоа најмалку им требаше на центристите на Европската Унија.
Мерц на крајот освои доволно гласови за да стане канцелар во вториот круг, но „политичката штета беше направена“, вели академик Катја Хојер за Политико. „Ова не е почеток на самоуверена, стабилна влада, туку знак за тоа колку длабоки се пукнатините во центристичкото тло на Германија.“
Во честитките до канцеларот, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека силното лидерство на Мерц е „особено важно кога станува збор за иднината на Европа – и дека тоа ќе зависи од нашето единство“.
Сепак, германската политика сега е длабоко поделена. Без единство дома, Мерц тешко ќе се снајде за да ги спроведе промените што, според него, ѝ се потребни на Европа.
На изборите во февруари, Алтернатива за Германија (АфД) се најде на второто место со 21 отсто од гласовите, зад демохристијаните на Мерц и пред социјалдемократите. Тоа ќе остане закана за новата влада бидејќи емиграцијата продолжува да доминира во политичката дебата. Германската економија е исто така во опаѓање, а традиционалната индустрија е во пад.
Овие структурни предизвици со кои се соочува коалицијата на Мерц го карактеризираат политичкиот центар кој го губи своето влијание низ цела Европа.
Грешките на Макрон
Германското лидерство е од витално значење за Европската Унија бидејќи втората по големина економија во блокот не може да избега од сопствените политички заплеткувања.
Минатата година, францускиот претседател Емануел Макрон ризикуваше предвремени избори во обид да го растури Националниот собир, но наместо тоа создаде парламент кој не можеше да се согласи за ништо. Неодамнешните анкети покажуваат дека Жордан Бардела од Националниот собир има добри шанси да победи на француските претседателски избори во 2027 година.
„Цела Европа денес гледаше кон Берлин со надеж дека Германија повторно ќе се потврди како сидро на стабилноста и проевропска сила. Таа надеж е згасната. Со последици далеку надвор од нашите граници“, изјави Јана Пуљерин, раководител на берлинската канцеларијатна Европскиот совет за надворешни односи.
Добрата оценка од Ангела Меркел
Во срцето на сето ова е прашањето: Како Мерц на крајот направи таков хаос од она што требаше да биде парламентарна формалност? Дали беше грешка на еден или двајца пратеници кои мислеа дека можат да се извлечат? Или тоа беше подлабок знак за непопуларен лидер склон на политички погрешни проценки?
За време на неговото кратко време на политичката сцена, Мерц се докажа како импулсивен политичар склонен на грешки. Тој ризикуваше потпирајќи се на гласовите на АфД за да ги донесе мерките за имиграција во Бундестагот пред изборите, верувајќи дека тоа ќе ги зајакне гласовите на неговата партија ЦДУ. Наместо тоа, христијанските демократи паднаа, додека АфД го продолжи својот марш
Во вџашувачки отворените изјави по затворањето на гласачките места во изборната ноќ, Мерц го критикуваше Трамп и ја доведе во прашање одржливоста на НАТО.
Критичарите на Мерц ја посочуваат одлуката на поранешната лидерка Ангела Меркел да му забрани да извршува моќни позиции како доказ дека таа знаела дека тој не е доволно добар за да врши висока функција.
Ако се во право, единственото нешто што е полошо за Европа од слаб канцелар Мерц е силен канцелар, заклучува Политико.