• Горан Упале
Кошаркарите на Монако не се предаваат и со победата над Париз во четвртиот натпревар од финалната серија на француското првенство со резултат 75-69 обезбедија „мајсторка“ во борбата за трофејот од домашниот шампионат.
Иако „кнезовите“ губеа на полувремето, а воедно влегоа и во последната четвртина со мала негатива, дојдоа до триумф по пресврт, како што беше случајот и во претходниот натпревар.
Лидер на Монако беше Ели Окобо, кој постигна 19 поени и имаше и седум скока. Помош доби од Метју Стразел, кој броеше до 20, додека Алфа Диало придонесе со 13 поени и 7 скока.
Што се однесува до парижани, немаше премногу расположени играчи. Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше сопрен на само 13 поени, надополнети со пет скока и шест асистенции, а Кевериус Хејс имаше еден поен помалку и еден скок повеќе.
Последниот натпревар е закажан за вторник со почеток од 18:30 часот.