Елтон Џон со солзи го заврши последното шоу

Ова е „многу посебна и емотивна вечер“ – рече Елтон Џон и се прости од британската јавност во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.

Во златен костум и очила со црвени стакла, 76-годишната ѕвезда пристигна на сцената помалку вкочането. Последниот концерт на музичката легенда, од неговата последна турнеја во Велика Британија беше незаборавно доживување за сите присутни, кои го оценија како „најдобриот хедлајнер на Гластонбери досега“.

Ѕвездите како Пол Макартни, Тарон Егертон и Ендру Гарфилд, исто така, беа забележани зад сцената додека го гледаа шоуто пред да присуствуваат на забавата на Елтон.

На почетокот на шоуто, Елтон излезе на сцената во златен костум, а пред да седне на клавирот додека небото го осветлуваше огномет, тој изјави дека никогаш не помислил дека ќе настапи на фестивалот во вакво „специјално и емотивно“ шоу.

На сер Елтон на сцената му се придружија Бени енд д Јетс, Дениел, Џејкоб Луск од Габриелс и Хорот на Лондонската госпел заедница. Потоа му се придружи Стивен Санчез за изведбата на песната на Санчез „ Антил ај фајнд ју “ (Until I Found You).

Сер Елтон потоа му посака добредојде на фронтменот на Килерс, Брендон Флауерс, а британската пејачка Рина Савајама излезе на сцената со него за да го изведат хитот„Дон гоу брекинг мај харт“ (Don’t Go Breaking My Heart).