Ребалансот на Буџетот за 2025-та утре на владина седница
Утре на владина седница ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2025 година. Од министерството за финансии за ТВ 24 велат дека денеска финишираат сите подготвителни работи и по седницата на Владата, во попладневните часови деталите ќе ги објави ресорната министерка Гордана Димитриевска Кочоска.
Ребалансот доаѓа по само еден ден откако во Собранието беше усвоена новата Фискална стратегија за периодот од 2026та до 2030 година.
И покрај тоа што денеска финансии не отктива кои ќе бидат новите податоци во пшрогнозите за економските текови за периодот што следни, јасно може да се види од стратегијата дека економскиот раст е проектиран на исто ниво односно 3,7 отсто, но инфлацијата е проектирана на 2,8 отсто за годинава, за разлика од буџетот за 2025 година која е на ниво од 2,2 отсто. Тоа значи дека очекувањата за годинава на властите се дека животот на граѓаните ќе станува се поскап иако тоа не беше во првичниот план на властите. Но од следната година според стратегијата инфлацијата ќе се намалува.
Фискална Стратегија 2026-2030
2025 2026 2027 2028 2029 2030
БДП раст 3,7 4 4,2 4,6 4,8 4,7
ИНФЛАЦИЈА 2,8 2 2 2 2 2
И покрај најавените задолжувања од неколку милијарди евра во следниве неколку години, властите не очекуваат зголемување на јавниот долг.
Фискална стратегија 2026-2030: „Буџетскиот дефицит, се предвидува постепено намалување и тоа од четири проценти од БДП во 2025 година на 2,8 проценти од БДП во 2030 година. За буџетските дефицити во периодот 2026-2030 година, државата се очекува да се задолжува во странство со склучување заеми за буџетско финансирање, преку издавање хартии од вредност, како и преку финансирање на одделни проекти. “
И додека власта уверува дека останува посветена во работењето на макроекономска стабилност и поддршка на економијата за остварување повисоки стапки на економски раст, од опозицијата не го менуваат ставот дека колку и да се претставува владата дека е посветена на економските теми, податоците од Евростат велат дека македонските граѓани имаат најниски примања во регионот а со тоа и најслаб животен стандард и куповна моќ.