Реми меѓу Болоња и Јувентус, се разгoрува битката за место во ЛШ (ВИДЕО)

Мечот помеѓу Болоња и Јувентус кој беше директен дуел за пласман во Лигата на шампионите заврши без победник 1-1, и дополнително ја замрси борбата за пласман во најелитното европско натпреварување.

Сега за тоа четврто место се борат четири тима, и меѓу нив разликата е само еден бод. Така Јувентус, Рома и Лацио имаат по 63 бодови, додека Болоња има 62, на три кола до крајот на шампионатот.

Јувентус пропушти шанса да се одлепи од ривалите. Водеше против Болоња со голот на Кипрен Турам во 9. минута од средбата. 

Сепак, предноста ја „поништи“ Фројлер со гол во 54. минута. Златна шанса имаше Јувентус преку Коста, кој не успеа да погоди од одлична позиција, и пропушти да му донесе три бода на својот тим. Шанса имаше и Фергусон кој шутираше само над голот во судиското надополнување.

Се вчитува...