• Latest
Војо Маневски

Кога јагнињата ќе стивнат, волците победиле

June 18, 2025
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога јагнињата ќе стивнат, волците победиле

June 18, 2025 12:19
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Повторно се палат партиските машини за претстојните локални избори. Ништо ново кај нас, само нивото на политичка дебата е се пониску. Наместо судир на концепти и проекти уште сега имаме безмилосно дезавуирање на противникот.

Анализите покажале дека тоа кај овој скроз слуден народ најмногу поминува. Не палат големите теми за степенот на задолженост на јавниот и приватниот сектор, високите цени на храната, лошото образование. Вакви „неважни“ теми не сака нашиот просечен гласач, кој никако да стане граѓанин. Ама затоа со задоволство коментира сè што неговите ќе му кажат лошо за другите кои и баш не се негови. Овој краде, овој уште повеќе е добра терапија за намачениот ум кој никако не може да се снајде во услови на див капитализам. Ако ништо друго полесно се прифати сопствената положба ако се убедиш дека друг ѐ крив. Ако тој не крадел од заедничкото богатство сите ќе имавме повеќе е како лексилиум пред спиење. А темата корупција не е политичка тема, туку спроведување на законите кои се донесуваат. Донесувањето на квалитетни и спроведливи закони кои ја подобруваат положбата на граѓаните е политика. Нивното спроведување е работа на државните органи за која се платени. Политика е како се прибира и троши буџетот и кои се приоритетите. Политика е меѓународната соработка и заштита на државните интереси во меѓународните политики на големите сили. Но како и да ги дефинираме нештата резултатот на политиките треба да е подобар стандард на граѓаните и поизвесна иднина. Ако тешко се исполнува таа задача партиите поминуваат на пропаганда за стивнување на незадоволството.

Медиумите кај нас се на исто такво ниво на одговорност кон граѓаните како и политичките партии. Овде мислам на информативните и политички програми, а не на сериите со титл или гласовен препев.

Кога се работи за сериозни проекти или законски концепти или сериозни политики, би било поздраво за гледачите да не се повикуваат преставици на партиите. Да се земе изјава од лидерот и преставниците на граѓанскиот или стручниот сектор нека дебатираат врз основа на ставот на лидерот. Вака е заморно да се следи со колкав напор се брани партискиот став. Некогаш ни здравиот разум и издржаните аргументи не помагаат во дебатата. Партијата мора да се брани и готово. Логика, аргументи тоа е за семинари, во јавноста мора да се одбрани партијата и овде не смее да се покаже слабост.

На есен нè чекаат локалните избори. Се навикнавме на тоа дека нема разлика во кампањите за било кои избори. Ќе има митинзи, меѓусебни напаѓања и најави за тешко изведливи проекти. Но она на што граѓаните како да престанаа да инстистираат е самиот изборен процес и негово законско подобрување. Се задоволија граѓаните со тоа дека нема веќе тепачки и пукање околу избирачките места и не се многу заинтересирани за можноста да избираат, а не само да гласаат. Пред последните локални избори пропадна предлогот за отворени листи на локалните избори. Добра прилика е и сега да се спроведе таков начин на избирање каде својот преставник граѓаните сами ќе го избираат а не да гласаат за листа каде распоредот го прави партијата. Знам дека вака ќе има понезависни советници и со различна политичка тежина, која нема да зависи само од наклонетоста на локалниот партиски лидер, и тоа тешко ќе помине. Но стивнувањето на граѓанскиот глас ме плаши. Граѓанските здруженија го изгубија својот замав и како да потклекнаа пред сеопштата партизација и загаденост на јавниот простор за дебата.

Ако не се вклучат граѓанските организации со свои предлози за подобрување на изборниот закон сè ќе остане по старо. Партиите ќе ги поклопат назависните кандидати и неефикасноста на локалните Совети ќе остане. Можеме да се залажуваме и да бидеме конформисти па да велиме дака не нè интересира ни јавен ни партиски живот. Впрочем тоа е и најголемиот проблем на нашава заедница. Партиите веќе не ги привлекуваат најдобрите студенти, успешните адвокати, уметници и стопанственици од разен калибар. Партискатото членстство се затвара веќе и со новата генерација на членови. Се затвара со децата на некогашните истакнати членови и партиски функционери. Како да настануваат некои модерни политички касти кои се предодредени да се занимаваат со политика. Вакви поврзани синџири на семејни професии има во сите општествени сектори и тоа не е нешто ново. Но кога тоа е појава во политичките партии тогаш можноста за нови и свежи идеи и лица е се помала.

Ако граѓанските здруженија похрабро не влезат во овој процес на донесување на измени на изборните закони и се сѐ сведе на вољата на партиските раководства, излезноста ќе биде намалена и ќе личи на досегашните процеси кога победуваше онаа партија која ќе ги изнесеше своите членови во поголем број на гласање. Значи се ќе се сведе на борба меѓу партиските членства. Состојбите ќе останат исти, младите ќе се разочаруваат сè повеќе. Бранот на иселување нама да запре и постепено ќе престане потребата од демократски избори. Како ќе се договорат партиите така ќе биде. Како во изјавата на Черчил – „ако со избори се решаваат крупните проблеми одамна ќе беа забранети“. Така рекол и ги изгубил изборите иако е победник во војната. Ако веќе имаме стратешки договор со Обединетото Кралство (ОК) и ќе им бидеме долго време должници, ај да научиме од нив како треба да се менуваат властодршците кога ги занемаруваат интересите на избирачите.

Ние ќе бидеме ли јагнињата кои стивнуваат пред волчјите очи?


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ