• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фидан по посетата на Москва ќе отпатува за Киев

Фидан по посетата на Москва ќе отпатува за Киев

Анкара, 28 мај 2025 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан утре ќе отпатува во посета на Украина.

Фидан за време на дводневната посета на Киев предвидено е да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Денис Шмигал, со министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана и главен преговарач Рустем Умеров.

Фидан во Киев повторно ќе понуди Турција да биде домаќин ан понатамошните преговори помеѓу Русија и Украина.

Турскиот министер за надворешни работи на 26 и 27 мај беше во посета на Москва, при што се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин, со рускиот колега Сергеј Лавров и со главниот преговарач Владимир Медински.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан