Во соопштението на Ватика се вели дека состојбата на папата Франциск се „подобрува“ бидејќи прима терапија со кислород со висок проток.
„Со оглед на сложеноста на неговата состојба, потребни се дополнителни денови на клиничка стабилност за да се направи прогноза“, се вели во соопштението на Ватикан.
88-годишниот папа бил хоспитализиран на 14 февруари поради респираторни проблеми, а подоцна му била дијагностицирана билатерална пневмонија.
„Светиот Отец наутро беше посветен на респираторната физиотерапија, наизменично со одмор, додека попладнето, по уште една физиотерапевтска сесија, се повлече на молитва во капелата на приватниот апартман на 10-ти кат, каде што ја прими Евхаристијата; потоа се посвети на работните обврски“, додаваат од Ватикан, а пренесува Фокс њуз.