Ваков марш редовно се одржува во Русија од 2007 година, кога беше организиран првиот ваков настан во Тјумен, а по 2012 година во неколку руски градови и во други земји од поранешниот Советски Сојуз.
Денот на победата над фашизмот ширум светот се слави на 9-ти мај за да го одбележи датумот во 1945 година кога нацистичка Германија капитулираше, завршувајќи ја Втората светска војна во Европа.
Учесниците на Маршот на Бесмртниот полк се собраа во паркот Петар Кочиќ во Бања Лука, а колоната потоа се упати кон плоштадот на мачениците, каде положија цвеќе и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот.
Маршот на Бесмртниот полк беше организиран и во Пале кај Сараево, а организаторите најавија доаѓање на делегација од Амбасадата на Руската Федерација во БиХ. Настанот беше организиран и во Требиње во јужна Херцеговина и во Србац кај Бања Лука.
slobodnaevropa.mk