logo
logo
logo

Скај Њуз: Британски тинејџери ќе управуваат со возови поради недостиг на работна сила

Vecer | 07.05.2025

Скај Њуз: Британски тинејџери ќе управуваат со возови поради недостиг на работна сила

Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека досега имало дури 87 проценти од откажувањата на возењата поради недостиг на возачи.

Сегашната минимална возраст за влез во железничкиот сектор е 20 години, но со зголемениот број на возачи кои се приближуваат кон пензионирање - просечната возраст на британски возач е 48 години, а дури 30 проценти од возачите треба да се пензионираат до 2029 година. 

Земји како Франција, Германија, Холандија и Швајцарија веќе ја намалија минималната возраст за лицата кои управуваат со возови, додека владиното тело задолжено за поголемиот дел од транспортната мрежа „Транспорт за Лондон“ во 2007 година отвори програми за приправништво за возачи на метро линиите за 18-годишници. 

Обуката за управување со возови на главните пруги обично трае меѓу една и две години, а стандардите за проценка и квалификација на возачите нема да се променат. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk