Фудбал
Отказ за Луис Кастро! Тренер на Роналдо ќе му биде Пиоли?!

Стефано Пиоли со една нога веќе е во Саудиска Арабија. По неговиот успешен период во Милан (1 титула по долги години, иако минатата сезона заврши лошо), следната дестинација се очекува да биде Ал-Наср.
Луис Кастро денеска и официјално доби отказ по лошите резултати во Саудиска Арабија, а Португалецот се надева на враќање во Европа.
58-годишниот е една од метите на арапскиот клуб, но не и единствена. Разговорите почнаа и големи се шансите Пиоли да стане тренер на Кристијано Роналдо, но потребни се уште неколку дена за конкретните чекори.