Нема да згрешиме ако кажеме дека Дубровник е еден од најубавите градови на Балканот, па и пошироко.
Голем број од хотелите што се наоѓаат таму се добитници на престижни награди за квалитет.
Нивната понуда и секако квалитетот, се темелат на убавото поднебје, морската клима и чистиот воздух, како и на ароматичните билки кои што ги има во изобилие.
Освен тоа не треба да се заборави и здравата медитеранска храна во која ужива секој.
Дубровник е и седиште на уметници од целиот свет и град со големи културни случувања, а неговиот стар дел е под заштита на УНЕСКО.
Градот е и дел од светски промоции како и одлична сценографија за филмски сетови.
Едно од местата што вреди да се посети во Дубровник е и Националниот парк Мљет, којшто изобилува со шуми и ароматични билки.
Островот Корчула и полуостровот Пелјешац се исто така познати по здравствените придобивки.
Доколку патувате во Далмација можете да го посетите и местото Конавле кое што има богата туристичка и гастрономска понуда.
Фото: Pinterest