Дешам: Шпанија е најдобрата репрезентација во Европа и веројатно во светот
- Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп многу ја респектира Шпанија. Тој искажа комплименти за шпанските фудбалери во пресрет на нивниот дуел во полуфиналето на Лигата на нации.

Штутгарт, 4 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп многу ја респектира Шпанија. Тој искажа комплименти за шпанските фудбалери во пресрет на нивниот дуел во полуфиналето на Лигата на нации.
- Оваа шпанска репрезентација ги покажа своите вештини повеќе пати. Тие се најдобрата репрезентација во Европа и веројатно во светот. Можеби некои од нивните играчи ќе бидат посвежи од нашите сега. Сепак, француската репрезентација знае како да одржува висок ритам во секоја ситуација. Сè уште не сум видел тим што целосно би нашол отпор против Јамал, но ќе се обидеме да го запреме. Нема да одиме на натпреварот со бело знаме. Тешко е да се стигне до полуфиналето, но има само еден победник, а само тој ќе остане запаметен, изјави Дешам за сајтот на УЕФА.
Натпреварот Шпанија – Франција ќе се одигра утре (5 јуни) во Штутгарт со почеток во 21 часот.
Во првото полуфинале вечер во Минхен ќе се соочат Германија и Португалија. зс/
Фото: ЕПА