Нови детали: Ана сака што поскоро да се разведе од Бастијан

од Nikola Popovski
704 прегледи

Поранешната тенисерка број еден во светот, Ана Ивановиќ и легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер поднеле официјални документи за развод, тврди австриски „Кроне“. Светските медиуми веќе со недели пишуваат за разводот на познатата спортска двојка, но Ана и Бастијан сè уште не објавиле ништо официјално за тоа.

Сепак, „Кроне“ објавува нови детали… Имено, Србинката и Германецот веќе се во фаза на развод во Швајцарија, каде што нивните адвокати се обидуваат што побрзо да ја завршат законската постапка.

„Ивановиќ сака што побрзо да го остави зад себе периодот од својот живот во кој беше сопруга на Бастијан Швајнштајгер. Германските медиуми дознаваат дека адвокатите на двете страни во моментов подготвуваат итен развод и дека најбрзиот можен начин е во Швајцарија. Покрај многуте документи, сето ова значи и многу стрес и напнатост за поранешниот пар“, вели австрискиот „Кроне“.

Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во 2016 година и важеа за еден од најхармоничните парови во јавниот живот. Тие имаат три деца, Лука, Леон и Тео.

Ана, наводно, моментално живее во Белград, додека Бастијан најчесто е во Минхен.

Слични содржини