• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нурја: Албанија се соочува со забрзано стареење и масовен егзодус на младите

Нурја: Албанија се соочува со забрзано стареење и масовен егзодус на младите

Тирана, 11 јуни 2025 (МИА) - Поранешната директорка на албанскиот државен Институт за статистика (ИНСТАТ), Инес Нурја предупредува на влошување на структурата на населението во Албанија, нагласувајќи дека земјата се соочува со забрзано стареење и масовно иселување на младите луѓе.

- Албанија денес старее со многу брзо темпо. Најголемиот број лица кои заминуваат во странство се на воизрањст од 20 до 39 години, што претставува 54 птоценти од населението што заминало, наведе Нурја во емисијата „Лог“ на „Њуз24“, додавајќи оти таквиот феномен е широко распространет низ целата земја.

Според неа, Тирана е единствениот регион кој успева донекаде да го ублажи влијанието на стареењето, но ситуацијата во остатокот од земјата е исклучително загрижувачка.

- Во другите региони, над 50 отсто од населението е над 50 години. Ова покажува дека имаме превртена демографска пирамида, предупреди таа.

Нурја додаде дека двата главни фактори што доведоа до оваа ситуација се масовната емиграција и намалувањето на наталитетот, создавајќи двоен негативен ефект врз структурата на населението.

- Доколку не се преземат итни мерки за ограничување на овие стапки, влијанието врз економскиот и социјалниот развој ќе биде длабоко и долготрајно, констатира Нурја. вт/ми/

фото: Фејсбук

Остани поврзан