Цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ се намалуваат за 1 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на бензинот Еуросупер БС-98 пак се намалува за 0,50 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,521 денари за кулограм.
Со новата одлука, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 76 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 78,50 денари за литар, дизел горивото за 71 денари за литар, маслото за готвење за 69,50 денари за литар, а Мазутот за 45,258 денари за килограм.