Други спортови
Гром удрил во авионот со кој летале македонските одбојкари!

Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија беше пролонгирано за еден бидејќи гром удрил во авионот за време на летот од Цирих за Скопје по што пилотот решил да се врати назад во Цирих.
Одбојкарите се очекува рано утрово со нов лет слетаа во Скопје.
Случката ја потврдил капитенот на македонската сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев за „Екипа“ кој изјавил дека додека летале со авионот удрил гром по што пилотот решил да се врати во Цирих.