Скопјанец злоупотребил банкарски податоци и изработил лажна платежна картичка па си купувал производи

|

23-годишен скопјанец доби кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.

Пријавата е поднесена од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, МВР соопштува дека пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари.