• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред последните два дуели од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во месец јануари 2026 година.
Селекторот Лазаров има мали проблеми, затоа што има неколку повредени играчи, меѓу нив триото на Алкалоид, Мартин Велковски, Марко Митев и Никола Ѓорѓиев, како и крилото на пелистерци Цветан Кузманоски.
Македонија ќе работи во Скопје, а потоа заминува за Талин каде го игра првиот од двата меча во овој циклус против Естонија. Потоа следи враќање на домашно тло, каде го затвораме циклусот со меч со Литванија.
Нашиот национален тим е на третотоо место на табелата, а има само два освоени бода заради победата со Естонија во Скопје. Ќе ни бидат потребни две победи на последните две средби, за да може да се надеваме на продолжување на контиунитетот.