Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
Папата Лав Четиринаесетти го критикуваше глобалното вооружување, предупредувајќи дека парите кои би можеле да се искористат за изградба на болници и училишта завршуваат во „рацете на трговците со смрт“.
Говорејќи на аудиенција по повод собирот на агенциите за помош на ориенталните цркви, папата ја осуди, како што наведе „лажната пропаганда за повторно вооружување“, нагласувајќи дека милитаризацијата не носи мир.
„Сè помалку има свест за тоа колку пари завршуваат кај „трговците со смрт“, додека со нив може да бидат изградени и зачувани здравствените и образовните системи“, рече папата, додавајќи дека е вознемирувачки што меѓународното и хуманитарното право го губат значењето, додека интересот се оправдува со сила.
Според него, тоа е „недостојно за човек и срамно за човештвото“ и неговите лидерите.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари