Свет
Хамас го отфрли американскиот мировен план за Газа

Хамас не го прифаќа предлогот на американскиот пратеник, Стив Виткоф, за примирје и размена на заложници и побара одредени промени, велат извори запознаени со деталите.
Извор за „Ерусалим пост“ изјави дека Хамас се чувствува измамен од американската администрација, со предлог кој е пристрасен кон Израел и не гарантира крај на војната.
Предлогот, исто така, бара сите заложници да бидат вратени во Израел во рок од една недела, со што ќе се изгуби дополнителната преговарачка моќ на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тинејџер (17) копал дупка на плажа во Италија кога песокот се урнал врз него и го убил

На плажа пред кампот Калифорнија во италијанскиот град Монталто ди Кастро, се случила трагедија кога починало 17-годишно момче. Според достапните информации, момчето од Рим, заедно со своите помлади браќа, ископало дупка длабока околу метар и пол. Откако браќата се оддалечиле, тој останал сам во дупката. Во еден момент, песокот паднал врз него и го затрупал целосно, пишува „Кориере дела села“.
Во времето на несреќата, таткото бил под чадор, недалеку од децата. Кога забележал дека неговиот син го нема таму, почнал да го бара. Младите мажи покажале каде братот последен пат бил виден, а другите пливачи веднаш почнале да копаат во песокот. За жал, сè било залудно.
Според официјалните информации, полицијата и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на несреќата, а бил повикан и хеликоптер за итно спасување. Лекарите можеле само да ја констатираат смртта на младиот човек. Не е познато дали имало спасувачи во времето на несреќата на таа плажа, која не е организирана и нема официјален надзор.
Карабињерите ја продолжуваат истрагата со цел да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан.
Свет
Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт

Осудениот педофил, Џефри Епштајн, испратил СМС порака само неколку часа пред да изврши самоубиство во затвор, тврди авторот Мајкл Волф.
Тој беше во поправниот центар во Њујорк на 9 август 2019 година, кога ја испратил шокантната порака. Следното утро тој бил најден мртов, а сега се појавија бројни теории дека бил убиен за да ги заштити своите богати и моќни клиенти.
Авторот Мајкл Волф, кој исто така напишал книги за американскиот претседател Доналд Трамп, откри дека бил во контакт со Епштајн пред неговата смрт.
„Верувам дека ја добив последната порака од него пред да почине. Тоа беше одговор на моето прашање за тоа како е, тој само испрати: „Сè уште сум тука“, откри Волф.
Она што многумина го протолкуваа како „шега за самоубиство“, бидејќи пораката во оригиналот гласи „”still hanging around”, што во буквален превод на значи „сè уште висам“, му беше проследено на Волф преку адвокатот на Епштајн околу девет часот навечер.
Волф рече дека се сретнал со Епштајн во 2014 година, кога осудениот педофил го замолил да напише книга за него. Иако Волф одбил, тие останале во контакт.
Часови откако Волф ја примил пораката, Епштајн бил пронајден обесен во неговата ќелија.
ФБИ го објави видеото од ќелијата
ФБИ неодамна објави видео кое наводно докажува дека Епштајн се самоубил. Сепак, дополнителни шпекулации беа предизвикани од фактот што ФБИ и Министерството за правда на САД сега тврдат дека не постои „список на Епштајн“, односно список на неговите клиенти.
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, како и директорот на ФБИ, Кеш Пател, претходно тврдеа дека списокот постои и наскоро ќе биде објавен.
Објавеното видео го прикажува Епштајн како го води чувар во ќелија.
Но, на видеото му недостасува една минута помеѓу 11:59 и полноќ, што предизвика повеќе контроверзии и мистерија.
Братот на осудениот педофил не ѝ верува на администрацијата на Трамп
Братот на Епштајн, Марк, рече дека не верува во она што го објави администрацијата на Трамп.
Тој рече дека изјавата на директорот на ФБИ, Пател, била „глупава“ бидејќи не бил во собата кога била извршена обдукцијата.
„Сега, дали Каш Пател бил во таа соба за обдукција? Не. Дали Каш Пател бил во затвор кога го пронашле Џефри? Не, не мислам така, а ако бил таму, тоа поставува уште поголемо прашање“, рече братот на Епштајн.
Регион
(Видео) Еди Рама повторно на колена пред Мелони

На Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Рим, албанскиот премиер Еди Рама клекна по втор пат пред италијанската премиерка Џорџо Мелони.
Како домаќинка, Мелони ги поздрави лидерите и претставниците на сите земји поединечно, но средбата со Рама повторно беше причина за непријатноста на која е навикната италијанската премиерка.
He did it again:
Albanian PM Edi Rama kneels before Italy’s Meloni. pic.twitter.com/TBKheVsTnV
— Clash Report (@clashreport) July 10, 2025
Имено, за време на поздравната средба, албанскиот премиер клекна на левата нога пред Мелони, скрстувајќи ги рацете. Рама, претходно, на овој начин ја поздрави Мелони во мај оваа година на состанокот на Европската политичка заедница, кога клекна на црвениот тепих пред неа на дожд, а таа му рече да не го прави тоа и објасни дека Рама клекнува оти е многу повисок од неа.
Во својот говор на конференцијата, премиерот Рама рече дека ветил дека ќе биде „невообичаено краток“, заблагодарувајќи ѝ се на премиерката Мелона за организацијата, нарекувајќи ја „мојата сакана сестра“.
„Мојата сакана сестра Џорџа Мелони денес потсети дека сите патишта водат кон Рим“, рече Рама.
ПРОЧИТАЈ И: (Видео) Рама на колена ја изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна