Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона режираше уште еден неверојатен и херојски пресврт во обидот да стигне до титулата во шпанската Ла Лига, нешто слично како што направи пред неколку недели на гостувањето кај Атлетико Мадрид на „Метрополитано“.

По еден час игра на „Монжуик“, Селта Виго поведе со 1:3 против лидерот на табелата и се чинеше дека тимот на Ханси Флик е прилично грогиран, но направените измени го вратија домаќинот во игра и до крајот видовме чудесен пресврт.

Со три погодоци во мрежата на Гуаита, Барса се избори за многу важна победа од 4:3, а откако реализираше нов кам-бек за драгоцени три бода, администраторот на „Икс“ реши и да му фаќа сеир на Реал Мадрид на социјалните мрежи.

– Ова сепак испадна седмица на пресврт, – гласи кратката и зајадлива порака на каталонскиот гигант, која дефинитивно е наменета за луѓето од шпанската престолнина.

Реал цела претходна недела најавуваше голем пресврт против Арсенал во Лигата на шампиони, но на крајот не успеа во таквата намера и остана без пласман во полуфиналето.

Pues sí que era semana de remontada

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни