92
Карлос Алкараз, третиот тенисер во светот, на социјалната мрежа ТикТок ги избра петте најдобри фудбалери во светот на сите времиња.
Тој го избра Кристијано Роналдо како прв. „Тешко е… Серхио Рамос, потоа Лука Модриќ“, продолжил 21-годишниот шпански тенисер.
„Не го гледав премногу како игра, но слушнав и видов снимки – Роналдињо. И петтиот е Нејмар, мојот добар пријател.“
Многумина во коментарите прашаа како е можно да го изостави Лионел Меси, според многумина најголемиот фудбалер што некогаш допрел фудбалска топка.