Полскиот селектор: Немам проблем со одлуката на Левандовски, време е за промена

Селекторот на Полска, Михал Пробиерц, изјави дека ја нема проблем со одлуката на Роберт Левандовски да не настапува за националниот тим. 

Долгогодишниот капитен се откажа од играње за својата земја откако му беше одземена лентата поради непојавувањето на собирот за пријателскиот меч против Молдавија. 

„Немав проблем со одлуката на Левандовски, тој е неверојатен играч со огромен печат во историјата. Моравме да направиме промена, ценам дека сега беше вистинско време. Роберт ме убеди дека одземањето на капитенската лента нема да промени ништо во неговиот пристап во иднина“, рече селекторот. 

Навивачите се надеваат дека нема да има дополнителна тензија во соблекувалната, а репрезентативците ќе имаат нов капитен - Пјотр Зиелински од Интер. 

ФОТО/PHOTO: PZPN

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.