Можеби еден од најубавите острови во Хрватска е токму Ластово.
Се наоѓа на само 14 километри од Корчула, а од 2006-та е прогласен за Национален парк.
Доколку го посетите овој остров ќе можете спокојно да уживате во густи борови шуми, да се восхитувате на куќи во венецијански стил или да ги искористите благодетите на бистрото море.
Гурманите ќе можат да се насладуваат со прекрасните специјалитети во рестораните, а оние кои сакаат шопинг ќе пронајдат добра понуда во локалните дуќани.
Доколку ве интересира архитектурата и старите градби, рибарското село Лучица е вистинското место за вас. Оддалечено е само еден километар од Ластово, а тука ќе ве пречекаат идилични камени куќарки, со автентична градба.
Забава има и за оние кои сакаат да возат велосипеди и да пешачат. Островот изоболува со пешачки патеки кои се протегаат на повеќе од 200 километри.
Доколку го посетите Ластово можете да отседнете во приватна куќа, да изнајмите соба, апартман, или пак да преспиете во еден од двата светилника.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest