Во краток разговор со Axios, директорот на Cloudflare Метју Принц, истакна дека издавачите на онлајн содржина се соочуваат со закана за нивното опстојување во ерата на вештачката интелигенција.
Ова тврдење тој го темели на големото намалување на сообраќајот од пребарувањата кон веб страните, што покажува дека корисниците воопшто не ги проверуваат одговорите кои ги добиваат.
Повеќето ВИ „четботови“ сега имаат извор врз основа на кого го даваат одговорот на прашањето на корисникот, но корисниците му веруваат на „ботот“ и неговото сумирање. Поради тоа тие не ги отвораат линковите од изворите, а со тоа веб страните на добиваат посетеност.
Принц смета дека веб страните ќе треба да почнат да добиваат некаква компензација поради фактот што со намалената посетеност, тие ќе имаат и помала заработка. Сепак, рекламите на веб страните треба да бидат видени за да донесат заработка.
Тој дава и пример дека порано на секои две страни земени во предвид од некоја веб страна, Google праќал по една посета кон таа страна. Сега овие бројки се многу поразлични, па Google испраќа по еден посетител од 18 проверени стани, а во случајот со ChatGPT бројката изнесува 1.500:1.