Контакт

Култура

„Одење пеш“, во режија на Тамара Котевска, ги отвора престижниот филмски фестивал во Токио и фестивалот за документарен филм „Фолкстон“ во Англија

Објавено пред

The Walk („Одење пеш“) свечено ќе отвори два престижни светски филмски фестивала, фестивалот во Токио, Јапонија, и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Светската турнеја на најновиот документарен филм на Тамара Котевска: „Одење пеш“ продолжува во 5 светски мегалополиси: покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и Париз. Се најавува домашна и јапонска дистрибуција на филмот.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Отварањето токму на фестивалот во Фолкстон претставува огромна чест за Тамара Котевска и англиските продуценти GRAIN MEDIA бидејќи патувањето на сириското дете бегалче Амал во Англија почна токму од овој град, каде што бегалците преминуваат од Франција преку Ла Манш во Англија и токму тука се судираат со најжестокиот отпор на англиската полиција. Организаторите на фестивалот изјавуваат дека отварањето на Фестивалот за документарен филм во Фолкстон токму со „Одење пеш“ е покажување пркос на англиските радикалци и обид повторно да се сврти вниманието на жителите на овој приморски град кон еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат во своето секојдневие.

Веднаш по премиерата во Англија, „Одење пеш“ патува на фестивалот Le Grand Bivouac, кој се одржува во Абервил (североисточен регион на Париз), Франција. Овој фестивал е со фокус на современите индивидуални и колективни општествени проблеми, а „Одење пеш“ e во официјална селекција и ќе биде прикажан вечерта на 21 октомври 2024.

Ноемвриската тура на фестивали за „Одење пеш“ ќе биде одбележана со свечено отварање на International Refugee Film Festival Tokyo 2024 на 7 ноември. Режисерката Тамара Котевска изјавува дека да се отвори интернационален фестивал во Токио токму со нејзин документарен филм е еден од најубавите комплименти што ги добила токму поради тоа што уникатниот креативен израз и идентитет на филмот одекнува толку далеку и допира една толку поинаква култура од европската, која очигледно јасно го препознава квалитетот на филмот. Оваа свечена премиера ќе го најави и почетокот на јапонската дистрибуција на филмот.

Учеството на толку многу светски  фестивали е почесна потврда за квалитетот и релевантноста на филмот, но Котевска е особено задоволна дека се случува токму дистрибуција на филмот во толку далечни култури во светот. Тоа е она што го запечатува успехот на филмот гарантирајќи му огромна гледаност на широка публика надвор од фестивалските настани.

Веднаш по Токио, „Одење пеш“ ќе биде истовремено прикажан во двата мегалополиси: Лондон и Лос Анџелес. Во Лондон ќе биде дел од 12-тото издание на European Psychoanalytic Film Festival на 16 ноември 2024.

New Filmmakers Los Angeles Film Festival ќе се одржи од 14 до 17 ноември и во фокус се млади автори, кои настапуваат со својот прв или втор филм.

„Одење пеш“ изминатата година ја имаше светската премиера на престижниот интернационален фестивал за документарни филмови во Њујорк, DOC NYC, европската премиера на GENEVA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL OF HUMAN RIGHTS во Женева, по што имаше 5 проекции на престижниот фестивал за документарни филмови во Копенхаген, CPH DOX, а Котевска во чест на филмот беше повикана да одржи свечен говор на Венецискиот филмски фестивал 2023. Филмот имаше преполна македонска премиера на затворањето на домашниот фестивал за документарни филмови „Македокс“ по што композиторот Дуке Бојаџиев одржа моќен концерт од музиката на „Одење пеш“, која тој ја компонира.

Режисерката и сценаристка Тамара Котевска продолжува активно да биде еден од најпрепознатливите амбасадори на македонската култура во светот. До сега како режисер и сценарист таа е една од ретките во нашата земја, која непрестано, страсно и активно работи во полето на документаристиката (кој е воедно една од најтешките форми на филмскиот израз). Но Котевска им пркоси на документарните ограничувања креирајќи моќен, уникатен и длабоко емоционален уметнички израз, бирајќи современи, релевантни социјални теми и предизвикувајќи промена на домашно и светско ниво. „Одење пеш“ e само најава на она што следува од оваа млада прогресивна авторка и во поглед на документарниот и во поглед на играниот филм.

Култура

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на МНТ

Објавено пред

Од

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад (Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател) на завршната седница, одржана касно вечерта на 2 јуни 2025 година, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена едногласно.

Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавено фототипно издание на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

Објавено пред

Од

„Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин, „Бели мугри“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска за македонските читатели и почитувачи на делото на Рацин.

Горан Калоѓера е рацинолог, македонист и пријател на Македонија, автор на 25 македонистички книги, меѓу кои и две за Кочо Рацин. Со овој гест тој ја покажа својата посветеност на Рацин, на македонистиката, но и својата почит и пријателството кон Македонија.

Целиот тираж беше подарен за неполни 30 часа по информацијата на социјалните мрежи дека од печат излегува фототип на „Бели мугри“ и дека 400 примероци ќе бидат подарени преку издавачот „Македоника литера“. Ваквиот голем интерес покажува дека, и покрај многуте изданија на оваа култна книга на Рацин, која е една од најпечатените книги на македонски јазик, таа и натаму е многу популарна кај македонските читатели и дека е голема почитта за Рацин во Македонија. Поради големиот интерес, „Македоника литера“ деновиве ќе отпечати дополнителен тираж, кој ќе биде достапен за продажба.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и Балет Скопје, гостин македонскиот „Танец“

Објавено пред

Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ ќе се претстави со концерт на народни игри на 3 јуни 2025 година со почеток во 19.30 часот во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, најбрилијантни се играорните програми во кои може да се види целиот сјај на ансамблот.

„Годинава „Ладо“ подготви програма со која публиката ја води на патување низ различни региони на Република Хрватска и други простори каде живееат Хрвати.

Со темпераментна изведба на народни игри, различни видови на пеење и музички пракси, инструменти, дијалекти и раскошен колорит на народни носии, „Ладо“ ве води низ богатото културно наследство во кое со игри, песни и музика се создава фолклорна уметност со автентичен стил што „Ладо“ го негува и развива веќе 76 години“.

Концертот е кофинансиран од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска и со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Арсовска прави циркус и парада пред локалните избори, Тошковски вели дека ќе било искрено ако пријавувала дивоградби во првата година од мандатот

Вклучувањата во живо од градилишта за кои вели дека се дивоградби, јавните повици да постапуваат институциите, обвинувањата дека власта им...

Македонија2 часа

(Видео) Јакимовски: Чувствува ли власта одговорност за хаосот во Скопје

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на нефункционалноста на државниот систем, укажувајќи на сериозните проблеми со кои се соочува...

Топ2 часа

(Видео) Скриени во цистерни, запленети 55 штеки цигари, ИТ-опрема, 30 илјади евра, соопшти Царинската управа

Во текот на минатата недела, царински службеници и мобилни царински тимови спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски...

Македонија2 часа

Возач преку прозорец од возило ѝ се заканувал на Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, пријавила дека ѝ се заканувал возач од автомобил на булеварот Словенија во Скопје. Возачот потврдил...

Свет3 часа

„Ќе кренеме сè во воздух“: Медведев со предупредување до Киев по нападот со беспилотни летала

Руската армија е активно во офанзива и таа ќе продолжи, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев....

Свет4 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки од земјотресот во Грција и Турција: луѓе скокаа од прозорци, девојче почина од страв, над 60 повредени

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што ги погоди островот Родос во Грција и крајбрежниот град Мармарис во Турција во текот...

Македонија4 часа

Данела до Мицкоски: Не ви се плашам и не се повлекувам

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку писмено соопштение му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, во кое го обвинува...

Свет5 часа

Ердоган: Мојата најголема желба е да ги соберам Путин и Зеленски во Истанбул или Анкара

Турција станува еден од главните центри на дипломатијата за мир, бидејќи земјата сака да ги собере претседателите на Украина, САД...

Македонија5 часа

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба...

Свет22 часа

Шефот на НАТО: Не сме во војна, но не сме ниту во мир

На самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, предупреди дека НАТО се соочува со „најопасната безбедносна...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

„Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме...

Македонија1 ден

Нема да прифатам да стои „сегашна“ пред зборовите македонска нација, официјална Софија остана заложник на живковизмот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски нема да прифати пред зборовите македонска нација да стои зборот „сегашна“ во извештајот на Европскиот парламент за...

Македонија1 ден

Стефковски: Моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје

Актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека тој е потенцијален кандидат за градоначалник на град Скопје. На...

Економија1 ден

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од годинава да бидеме во првите пет економии во Европа

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија1 ден

Павле Трајанов: Демократскиот сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог – Законот за измени на Изборниот законик со...

Европа1 ден

(Видео) Би-би-си: Генијалниот украински напад со беспилотни летала испраќа клучна порака до Русија – и Западот

Тешко е да се замисли нивото на дрскост – или досетливост – потребно за целосен напад на Украина врз руските...

Европа1 ден

Масовен украински напад со дронови: Русија тврди дека пресретнала 162 беспилотни летала

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздухопловни сили пресретнале 162 украински беспилотни летала во голем ноќен напад, кој опфатил...

Свет1 ден

Северна Кореја го осуди извештајот за воената соработка со Русија

Северна Кореја го осуди неодамнешниот извештај на мултилатералната група за следење на санкциите за врските со Русија како политички и...

Свет1 ден

Лавров: По срамното повлекување, НАТО повторно бара начин да влезе во Авганистан

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Меѓународната конференција на азиските политички партии предупреди за наводните обиди на НАТО-алијансата...

Свет1 ден

(Видео) Во Колорадо маж фрли „молотови коктели“ и запали луѓе, шестмина повредени

Шест лица беа повредени, а една жена претрпе сериозни изгореници во нападот врз мирен митинг во поддршка на израелските заложници...