logo
logo
logo

Легендарниот Германец: “Мојот огромен интерес за фудбал исчезна, спортот стана чиста трговија!“

Vecer | 07.05.2025

Легендарниот Германец: “Мојот огромен интерес за фудбал исчезна, спортот стана чиста трговија!“

Кога ќе кажеш Јуп Хајнкес се е јасно. Станува збор за еден од најдобрите германски фудбалски тренери, но и како играч беше голема ѕвезда. Во петок ќе го прослави својот 80-ти роденден, јасно е дека тој секогаш е интересен за медиумите.

Во едно од своите најнови интервјуа, Хајнкес истакнува дека воопшто не му се допаѓа каде оди фудбалот и спортот воопшто:

Тоа е огромен број натпревари со кои навивачите-потрошувачи се преплавени. Но, така функционира овој бизнис – фудбалерите заработуваат неверојатни суми пари, а клубовите што мора да им ги платат тие пари мора да ги генерираат. Фудбалот сега е чиста трговија. Плус, телевизијата диктира непријателски термини за почеток на натпреварите. Мојот огромен интерес за фудбалот се намали. Баерн, Менхенгладбах, Билбао, Реал, Барселона… Обично го следам шпанскиот фудбал, како и најважните натпревари во Англија или Франција. Но, јас одлучувам и ги гледам најважните натпревари. Понекогаш претпочитам да вежбам во теретана отколку да гледам натпревар од Бундеслигата“ рече покрај другото Хајнкес.

Инаку интересно е да се напомене дека во таа 2012/13 сезона под негово водство Баерн Минхен ги освои сите можни титули, но и тоа не беше доволно за да си ја задржи работата. Место него на клупата на Баерн Минхен седна Пеп Гвардиола, кој не успеа со “баварците“ да го освои најсаканиот европски трофеј.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk