Јужнокорејската актерка Ким Сае-рон, позната по улогата во серијата „Bloodhounds“, беше пронајдена мртва во својот дом во Сеул на 24-годишна возраст. Причината за смртта е откриена денеска. Ким била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Сеул во неделата попладне, според Њујорк Тајмс.
Полицијата за Тајмс изјави дека причина за смртта била самоубиство.
Ким беше омилена и преслатка ѕвезда во подем во јужнокорејската кинематографија по играњето во „Сосема нов живот“ (2009), кој доби меѓународно признание и беше прикажан на Канскиот филмски фестивал. Таа, меѓу другите заслуги, се појави и во „Човекот од никаде“ (2010), „Соседот“ (2012) и „Девојка на мојата врата“ (2014).
Нејзината кариера тргна надолу откако во 2022 година удри со својот автомобил во заштитна ограда во инцидент со возење во пијана состојба што наиде на жестоки реакции во јавноста. Таа беше осудена за возење под дејство на алкохол во април 2023 година, според јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
По дебитантските улоги, Ким се префрли на позначајни проекти, вклучувајќи ги филмот „Човекот од никаде“ и серијата „Снежен пат“, за кој ја освои наградата за најдобра актерка на фестивалите „Златен петел“ и „Сто цвеќиња филм“. Нејзиниот последен проект беше акционата серија на Нетфликс од 2023 година Bloodhounds.